Ја создадовме YouTube Kids за да биде забавно место, соодветно за децата и за семејствата. Апликацијата YouTube Kids нуди популарни детски видеа и разновидни нови содржини, на начин што е лесен за користење за децата.
Пред вашето дете да започне, има неколку работи што сакаме да ги знаете:
Профили на YouTube Kids
Профилите се достапни на уредите на кои:
- родителот е најавен и
- апликацијата YouTube Kids е инсталирана.
Може да имате најмногу осум профили. Дознајте како да создадете профил.
Една опција е да му дозволите на вашето дете да ги истражува сите видеа на YouTube Kids. Родителите може да избираат помеѓу 3 поставки за содржини според возраста:
- Предучилишна возраст (до 4 години)
- Помлади (од 5 до 8 години)
- Постари (од 9 до 12 години)
Нашите автоматизирани системи ги избираат содржините од шарениот свет на видеата на YouTube. Напорно работиме за да ги исклучиме содржините што не се соодветни за деца. Но, не можеме рачно да ги прегледаме сите видеа, а ниеден автоматизиран систем не е совршен. Ако најдете нешто несоодветно, може да го блокирате или да го пријавите за брз преглед.
Другата опција е самите да ги изберете содржините до кои вашето дете има пристап (Самите одобрете ги содржините). Ако ја изберете оваа опција, детето нема да може да пребарува. За повеќе информации за тоа како да ја примените оваа опција, погледнете го водичот на YouTube Kids за родителските контроли и поставки.
Изберете ја опцијата што мислите дека е најдобра за вашето дете. Може да ги смените овие поставки во секое време. Ви нудиме и разни алатки и поставки, опишани подолу, кои може да ги користите за дополнително контролирање на доживувањето на вашето дете. Дознајте повеќе за родителските контроли и поставки.
Видеата во YouTube Kids може да се откриваат на неколку начини:
Пребарување
Видеа на почетниот екран
Препорачани видеа
Гледајте повторно
Кои родителски контроли се достапни во YouTube Kids?
- родителски код
- блокирање содржини
- ограничување на пристапот само до одобрените содржини
- исклучување на пребарувањето
- бришење на историјата
- паузирање на историјата
Дознајте повеќе за родителските контроли и поставки.
Овозможуваме ограничени платени реклами („Платени реклами“) во апликацијата за да може да ја нудиме бесплатно. Кога вашето дете ќе пушти видео во апликацијата, може да види вовед во реклама по кој ќе следи Платена реклама, означена како „Реклама“. Овие Платени реклами мора да ги следат нашите правила за рекламирање, кои, на пример, исклучуваат одредени категории како храна и пијалаци. Дознајте повеќе за рекламите во YouTube Kids и нашите правила за рекламирање.
Видеата прикачени од корисниците на YouTube не се Платени реклами и затоа не се означени како „Реклама“ и не подлежат на нашите правила за рекламирање. Овде може да спаѓаат и содржини за или од компании што можеби купиле реклами во апликацијата. На пример, ако пребарате „возови“, може да добиете резултати со цртани филмови за возови, песни и видеа од вистински возови прикачени од корисник или од компанија за производство на возови играчки, но нив не ги сметаме за платени реклами, бидејќи не се дел од рекламната програма на YouTube Kids. Слично на тоа, ако пребарувате „чоколадо“, може да ви се прикаже видео прикачено од корисник во кое се прикажува како се прави чоколаден прелив, иако не дозволуваме платени реклами од изработувачите на чоколадни производи. Дознајте повеќе за видеата на YouTube Kids.
Ако сакате да гледате видеа без платени реклами со вашето дете, пробајте ја апликацијата YouTube Kids со YouTube Premium. Дознајте повеќе.