YouTube Kids нуди побезбедно и поедноставно доживување за деца. Постојат разни поставки и контроли што ви овозможуваат да ги насочувате децата при гледањето.
Управување со родителските контроли и поставките
Има неколку начини на кои може да управувате со овие контроли. Кога ќе поставите сметка на Google за вашето дете, може да поставите родителски контроли за доживувањето на YouTube Kids преку Family Link. Кога ќе поставите профил на YouTube Kids за вашето дете, може да поставите родителски контроли преку YouTube и YouTube Kids.
Користење на родителските контроли и поставките на YouTube Kids
Може да ги видите родителските контроли и поставки за профилите на YouTube Kids во YouTube Kids:
- Изберете го катанецот
во аголот на екранот.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
Користење на поставките за YouTube на вашата поврзана сметка на родител
За да ги видите родителските контроли и поставките за профилите на YouTube Kids од вашите поставки за YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Ако сте на компјутер, изберете Управувајте со поставките за вашите деца, до „Поставки за родители“.
Користете ја апликацијата Family Link
За да ги видите родителските контроли и поставките за профилите на YouTube Kids од Family Link:
- На вашиот уред, отворете ја апликацијата Family Link
.
- Изберете го вашето дете.
- Допрете Контроли
Ограничувања за содржини
YouTube.
- Променете ги поставките за YouTube Kids во „Поставки за YouTube Kids“.
Промена на конкретни родителски контроли и поставки
Може да го приспособувате доживувањето на YouTube Kids или надгледуваното доживување на YouTube за вашето дете со приспособување конкретни родителски контроли и поставки. Овие контроли и поставки ви овозможуваат:
Блокирање или споделување содржини
- Блокирање или споделување содржини со вашето дете
- Промена на поставката за ниво на содржините на вашето дете за YouTube Kids
- Забелешка: може да ја промените поставката за ниво на содржини за вашето дете за YouTube Kids во Самите одобрете ги содржините преку апликацијата YouTube Kids.
- Исклучување на функцијата за пребарување во YouTube Kids
- Преглед на историјата на гледање на вашето дете
- Бришење на историјата на вашето дете
- Оневозможување на автоматската репродукција
- Паузирање на историјата на гледање на вашето дете
- Паузирање на историјата на пребарување на вашето дете
- Вклучување на поволностите на YouTube Premium за вашето дете
Блокирање содржини:
- Може да го користите уредот на вашето дете за директно да ги блокирате содржините во YouTube Kids од почетниот екран или страницата за гледање.
- Може да се најавите на YouTube со вашата поврзана сметка на родител за да блокирате конкретни канали што не сакате да ги гледа вашето дете во YouTube Kids.
Споделување содржини: најавете се на вашата сметка на Google за да споделувате видеа и канали од YouTube со поврзаните сметки на децата.
Share content from YouTube to your child’s YouTube Kids experience
Промена на поставката за ниво на содржините за профилот на YouTube Kids на вашето дете во YouTube Kids:
- Изберете го катанецот
во аголот на екранот.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
- Изберете го профилот на вашето дете и внесете ја лозинката за вашата сметка на родител.
- Изберете Предучилишна возраст, Помлади, Постари или Самите одобрете ги содржините.
Промена на поставката за ниво на содржини за вашето дете од YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Изберете го профилот или сметката на вашето дете.
- Во поставките за YouTube Kids, изберете ИЗМЕНИ до „Поставки за содржини“.
- Забелешка: ако сакате да ја промените неговата поставка за содржини во Самите одобрете ги содржините, ќе мора да ја користите апликацијата YouTube Kids за да ја извршите промената.
Ако управувате со сметката на Google на вашето дете преку Family Link, може да ја промените поставката за ниво на содржините од апликацијата Family Link:
- На вашиот уред, отворете ја апликацијата Family Link
.
- Изберете го вашето дете.
- Допрете Контроли
Ограничувања за содржини
YouTube.
- Променете ја поставката за ниво на содржини за вашето дете за YouTube Kids во „Поставки за YouTube Kids“.
Со поставкава, вашето дете може да ги гледа само видеата, каналите и збирките што вие сте ги избрале. Збирките се видеа и канали групирани по теми, како што се наука и музика, избрани од тимовите на YouTube Kids или од нашите партнери.
Со поставкава, вашето дете не може да пребарува видеа на YouTube Kids.
YouTube Kids: How to approve what your kids can watch
За да ја промените поставката за ниво на содржини за вашето дете во „Самите одобрете ги содржините“:
- Отворете ја апликацијата YouTube Kids на уредот на вашето дете.
- Допрете ја иконата за заклучување
во долниот агол на која било страница во апликацијата.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
- Изберете го профилот на вашето дете и внесете ја лозинката за вашата сметка на родител.
- Изберете ИЗМЕНЕТЕ ГИ ПОСТАВКИТЕ.
- Изберете Самите одобрете ги содржините за да ја вклучите опцијата.
- Прегледајте ги информациите во скокачкиот прозорец „Започнете“.
- Допрете на Избери.
- Допрете на
на која било збирка, канал или видео за да ги одобрите содржините што сакате да бидат достапни за вашето дете.
- Изберете ГОТОВО во црвеното поле на дното на екранот за да излезете.
Може да го ограничите вашето дете на построго ограничен број видеа на YouTube Kids така што ќе ја исклучите функцијата за пребарување.
Кога функцијата за пребарување е исклучена, вашето дете не може да пребарува видеа. Исто така, детето ќе биде ограничено на видеата и каналите што биле потврдени од YouTube Kids. Дознајте повеќе за Пребарувањето на YouTube Kids.
За да ја исклучите функцијата за пребарување, поставете ја функцијата Пребарување на исклучено во Поставки .
Ако ја исклучите функцијата за пребарување, историјата на гледање и пребарување за профилот на YouTube Kids на вашето дете ќе се избрише. Препорачани видеа и Гледајте повторно исто така ќе се ресетираат.
Може да ја проверите историјата на гледање на вашето дете на YouTube Kids во Гледајте повторно.
На мобилниот уред или таблет на вашето дете:
- допрете Гледајте повторно
во горниот дел на почетниот екран.
На компјутерот на вашето дете:
- Во горниот агол на екранот, изберете ја профилната слика на вашето дете за да ги погледнете видеата во Гледајте повторно.
Забелешка: само видеата гледани во YouTube Kids на тој уред ќе се појават во Гледајте повторно.
Може да ја избришете историјата на гледање и пребарување за сметката на вашето дете на сите негови поврзани уреди од YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Изберете го профилот или сметката на вашето дете.
- Изберете Избриши ја историјата.
- За да ги зачувате промените, изберете ИЗБРИШИ.
Може да ја бришете историјата на вашето дете и да ги ресетирате видеата во Препорачани и Гледајте повторно и од YouTube Kids:
- Изберете го катанецот
во аголот на екранот.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
- Изберете го профилот на вашето дете и внесете ја лозинката за вашата сметка на родител.
- Изберете Избриши ја историјата.
- За да ги зачувате промените, изберете Во ред.
Може да ја исклучите автоматската репродукција за вашето дете така што ќе изберете Оневозможи ја автоматската репродукција. Кога е вклучена поставкава, детето не може да вклучи „Автоматска репродукција“.
За да ја оневозможите автоматската репродукција за вашето дете од YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Изберете го профилот или сметката на вашето дете.
- Поставете ја опцијата Оневозможи ја автоматската репродукција на вклучено.
За да ја паузирате историјата на гледање на вашето дете во YouTube Kids:
- Изберете го катанецот
во аголот на екранот.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
- Изберете го профилот на вашето дете и внесете ја лозинката за вашата сметка на родител.
- Поставете ја опцијата Паузирај ја историјата на гледање на вклучено.
- За да ги зачувате промените, изберете Во ред.
За да ја паузирате историјата на гледање на вашето дете од YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Изберете го профилот или сметката на вашето дете.
- Поставете ја опцијата Паузирај ја историјата на гледање на вклучено.
За да ја паузирате историјата на пребарување на вашето дете во YouTube Kids:
- Изберете го катанецот
во аголот на екранот.
- Решете ја задачата со множење или внесете ја вашата приспособена лозинка.
- Изберете Поставки
.
- Изберете го профилот на вашето дете и внесете ја лозинката за вашата сметка на родител.
- Поставете ја опцијата Паузирај ја историјата на пребарување на вклучено.
- За да ги зачувате промените, изберете Во ред.
За да ја паузирате историјата на пребарување на вашето дете од YouTube:
- Најавете се на YouTube со вашата поврзана сметка на родител.
- Отворете ја вашата профилна слика
.
- Изберете Поставки
.
- Изберете Поставки за родители.
- Изберете го профилот или сметката на вашето дете.
- Поставете ја опцијата Паузирај ја историјата на пребарување навклучено.
YouTube Premium
Има неколку поволности од користењето на вашето членство на YouTube Premium со YouTube Kids. На пример, вие и вашето дете може да гледате видеа на YouTube Kids без платени реклами.
Ќе добиете пристап и до преземањата и репродукцијата во заднина. Дознајте повеќе за овие поставки.