Правила за содржини за YouTube Kids

Апликацијата YouTube Kids е дизајнирана да биде побезбедно и поедноставно место на кое децата ќе ги истражуваат своите интереси преку онлајн видеата. Оваа одделна апликација е филтрирана верзија на YouTube и има многу помала понуда на канали и видеа од апликацијата и веб-сајтот на YouTube. Се трудиме да ги идентификуваме содржините што одговараат на возраста на децата, се придржуваат до нашите принципи за квалитет и се доволно разновидни за да ги опфатат интересите на децата на глобално ниво.

Подолу се нашите правила за YouTube Kids, во кои е наведено какви содржини може да бидат дел од YouTube Kids. Содржините мора да се придржуваат до овие правила за да може да се прикажуваат во YouTube Kids. Овие правила се дизајнирани за да ги исклучат содржините што:

Овие правила беа создадени земајќи ги предвид повратните информации од родителите и надворешните специјалисти по детски развој, аудиовизуелни содржини за деца, дигитално учење и дигитално државјанство. Согласно овие правила, видеата или каналите може да бидат исклучени од YouTube Kids за да се обезбеди одлично доживување за нашата најмлада публика.

Поставки за содржини

Во апликацијата се достапни 3 поставки за содржини: „Предучилишна возраст“, „Помлади“ и „Постари“. Содржините што вашето дете ќе ги гледа ќе зависат од поставката што ќе ја изберете кога ќе ја поставувате YouTube Kids за него.

Предучилишна возраст

Дизајнирана за деца помлади од 4 години

Помлади

Дизајнирана за деца на возраст од 5 – 8 години

Постари

Дизајнирана за деца на возраст од 9 – 12 години

Правила за содржини

Нашите правила одредуваат какви содржини ќе бидат подобни за секоја поставка за содржини. Кога ќе изберете поставка за содржини за вашето дете, тоа ќе гледа содржини соодветни на таа поставка. Поставката што ќе ја изберете ќе влијае на содржините што ќе бидат достапни во пребарувањата или во препорачаните видеа. Нашите прегледувачи и автоматизираните системи се стремат да ги идентификуваат соодветните содржини согласно поставката што сте ја избрале. Нашите системи се трудат да ги исклучат содржините што не се соодветни за деца, но не се сите видеа рачно прегледани. Ако најдете нешто несоодветно што сме го пропуштиле, може да го блокирате или да го пријавите за брз преглед.

Поставка за содржини „Предучилишна возраст“

Поставката „Предучилишна возраст“ е дизајнирана за деца помлади од 4 години. Оваа поставка за содржини вклучува видеа што ги поттикнуваат креативноста, игривоста, учењето и истражувањето. Популарните категории видеа вклучуваат уметност и ракотворби, приспивни песни, цртани филмови, заеднички читања, групни активности, играчки и весела јога.
Некои видеа може да содржат:

сексуални содржини: неромантични изливи на љубов, како што се држењето раце или бакнежот во образ. 

насилство: инсценирани и анимирани видеа што не се страшни и во кои нема насилство.

оружја: видеа соодветни за возраста во кои се прикажуваат нереалистични оружја (како пиштоли на вода) во контекст на играње со играчки, видеоигри или анимации.

опасни содржини: видеа во кои има акробации што ги вршат обучени лица, без вклучување инструкции (на пр., кошаркари што изведуваат трикови). Видеа со уметност и ракотворби во кои се прикажани производи или алатки што се соодветни за возраста како на пр. боја, лепак или ножички.

јазик: видеа со едноставен јазик и секојдневен вокабулар, без користење навредлив јазик или вулгарности

чувствителни теми: видеа соодветни за возраста во кои се зборува за чувствителни теми како што се природните катастрофи, малтретирањето, загубата и тажењето, менталното здравје и личните граници. Видеата во оваа поставка не содржат експлицитни слики или екстремни случаи на тага, лутина или страв.

музички видеа: музички видеа соодветни за возраста во кои нема сексуални теми.

Поставка за содржини „Помлади“

Поставката за содржини „Помлади“ е предвидена за деца на возраст од 5 – 8 години. Оваа поставка за содржини вклучува и поширок избор на теми што ги опфаќаат пошироките интереси на помладите деца. Популарните категории опфаќаат гејминг, преработки на топ 40 песни, семејни видеоблогери, цртани филмови, „Направи сам“, учење, упатства и други содржини што генерално им се интересни на децата на рана училишна возраст. Овде се вклучени и сите содржини од поставката за содржини „Предучилишна возраст“.

Некои видеа може да содржат:

сексуални содржини: видеа со романтични теми, вклучувајќи кратки прикази на нежност и привлечност, како на пр. брз бакнеж на усни.

насилство: видеа соодветни за возраста поврзани со историски настани што се образовни, но може да содржат благо насилство како дел од контекстот на настанот. Неексплицитно, комично насилство од цртаните филмови.

оружја: видеа во кои има историска и класична уметност што прикажува реалистични оружја (на пр., слика од самурајски меч).

опасни содржини: видеа во кои има предизвици и шеги од невина природа или акробации што не би требало да предизвикаат штета. Видеа во кои се прикажува алкохол или тутун, но фокусот не е врз нив. Видеа „направи сам“ во кои има лесно достапни производи и алатки со безбедносни оградувања.

јазик: видеа со едноставен јазик, ограничена употреба на сложен јазик или објаснувања и ретко употребување благо навредлив јазик за оваа целна возрасна група како „Боже Господе“ или „глупчо“.

исхрана, фитнес и убавина: упатства за шминкање фокусирани на креативниот и уметнички израз. Образовни видеа за здравата исхрана и вежбањето, соодветни за возраста.

чувствителни теми: видеа соодветни за возраста во кои се зборува за чувствителни теми како што се природните катастрофи, малтретирањето, загубата и тажењето, менталното здравје и личните граници. Видеата во оваа поставка не содржат експлицитни слики и се фокусораат на позитивните исходи и стратегии за справување.

музички видеа: музички видеа во кои во заднината се прикажува користење алкохол или тутун. Текстови на песни со несексуални романтични теми или благо навредлив јазик како „будало“ или „глупчо“.

Поставка за содржини „Постари“

Поставката за содржини „Постари“ е дизајнирана за деца на возраст од 9 – 12 години. Поставкава е предвидена за постари деца кои можеби се подготвени за малку посериозни содржини филтрирани од YouTube. На пример, апликацијата ќе прикажува музика, гејминг, видеоблогови, комедии и спорт што не се достапни во поставките за содржини „Помлади“ и „Предучилишна возраст“ на YouTube Kids. Овде се вклучени и сите содржини од поставките за содржини „Помлади“ и „Предучилишна возраст“. Поставкава се обидува да ги исклучи содржините наменети за возрасни, но бидејќи не можеме рачно да ги прегледаме сите содржини, а автоматизираните системи не се совршени, можно е да пропуштиме некои видеа.

Некои видеа може да содржат:

содржини за возрасни: видеа што прикажуваат или дискутираат за несексуални искуства поврзани со романтиката и привлечноста, на пример за излегувањето или за првиот бакнеж. Видеа соодветни за возраста во кои се обработуваат теми од сексуалното образование како што се пубертетот или размножувањето.

насилство: видеа соодветни за возраста поврзани со тековни настани што се образовни, но може да содржат благо насилство како дел од контекстот на настанот. Неексплицитно насилство во инсценирани и анимирани видеа како што често се гледа во видеоигрите, телевизиските серии и филмовите.

оружја: видеа што прикажуваат нереалистични оружја-играчки во контекст на игра со играчки. Оружја со реалистичен изглед во видеоигри и анимирани содржини.

опасни содржини: опасни дејства изведени во професионално опкружување (на пр., телевизиско/филмско студио) што би можеле да предизвикаат штети. Видеа со ретко спомнување или користење алкохол или тутун. Видеа „направи сам“ во кои има лесно достапни производи и алатки или кратко користење остри предмети како скалпери или бонсеци.

јазик: видеа со повеќе сложен јазик или објаснувања, ретко користење благи вулгарности, како на пр. „проклетство“ или „по ѓаволите“ во невознемирувачки контекст.

исхрана, фитнес и убавина: видеа со рецензии на производи за разубавување, упатства за шминкање соодветни за возраста и образовни содржини за здравјето и благосостојбата.

чувствителни теми: видеа соодветни за возраста во кои се зборува за чувствителни теми како што се природните катастрофи, малтретирањето, загубата и тажењето, менталното здравје и личните граници. Видеата во оваа поставка не содржат експлицитни слики и се фокусораат на позитивните исходи и стратегии за справување.

музички видеа: музички видеа со сексуализирано танцување што не е невкусно и ретко користење алкохол или тутун. Текстови на песни со благи вулгарности и ретки спомнувања на алкохол или тутун.

Содржини со комерцијални елементи

Содржини со платени пропагандни пораки или препораки. Не дозволуваме видеата во YouTube Kids да содржат платени пропагандни пораки или препораки. Ако создавачот открие дека во неговото видео има платени пропагандни пораки или препораки преку YouTube Studio, ние ќе ги отстраниме видеата од апликацијата YouTube Kids.

Претерано комерцијализирани содржини. Содржините што се претерано комерцијализирани или промотивни не се дозволени во YouTube Kids, вклучувајќи:

  • традиционални реклами за производи и услуги прикачени од создавачите или брендовите.
  • содржини што директно го поттикнуваат гледачот да купи одреден производ.
  • видеа фокусирани на пакувања на производи.
  • видеа фокусирани на претерана акумулација или конзумација на производи.

Измамнички, сензационалистички и содржини што се мамки за кликнувања

Не дозволуваме видеата во YouTube Kids да бидат измамнички, сензационалистички или мамка за кликнувања. Ова ги вклучува нискоквалитетните содржини за деца и семејства што користат измама, сензационализам и/или манипулација за да го привлечат вниманието на децата и да поттикнат кликови/прегледи, особено со:

  • лажни наслови и сликички
  • сензационалистички наслови и сликички
  • трупање клучни зборови во насловите (т.е. прекумерна употреба на клучни зборови)
  • нафрлување детски теми без никаква поврзаност меѓу нив

Дали ова беше корисно?

Како може да го подобриме?
Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Апликации на Google
Главно мени
995577411574927813
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
false
false
false
false