Во YouTube, сметаме дека преку онлајн видеата децата може да откријат нови интереси, да учат и да развијат чувство на припадност. Работиме за да им помогнеме на создавачите да разберат како да направат збогатувачки, интерактивни и инспиративни видеа за деца и семејства.
Како дел од тековниве напори, развивме комплет од принципи на квалитет дадени подолу како водилка на создавачите на детски и семејни содржини на YouTube. Овие принципи беа развиени со специјалисти по детски развој и се засноваат на опсежни истражувања.
Списокот подолу е наменет да ви даде подобра претстава за тоа што може да се смета за содржини со низок или висок квалитет и истиот не е целосен. Овие принципи ги дополнуваат нашите Упатства за заедницата, кои помагаат да се создаде безбедно доживување при гледање видеа за сите и се однесуваат и на долгите содржини и на YouTube Shorts.
Ваша одговорност е да ги следите нашите „Упатства за заедницата“ за сите содржини што ги создавате. Ќе продолжиме да ги преиспитуваме и ажурираме принципите на страницава.
Принципи за содржини со висок квалитет
Содржините со висок квалитет треба да бидат соодветни за возраста, збогатувачки, интерактивни и инспиративни. Содржиниве може да бидат во различни формати и да опфаќаат низа теми, но треба да промовираат:
- Грижа за себе и за другите: Содржиниве промовираат позитивно однесување, почитување и здрави навики. Примерите опфаќаат покажување љубезност, добро пријателство и рутини за грижа за себе, како што се миење заби и јадење здрава храна.
- Учење и поттикнување љубопитност: Содржиниве ги поттикнуваат децата да истражуваат, учат и размислуваат критички на забавен и начин соодветен за возраста. Учењето вклучува училишни предмети и пошироко (на пр., сите видови хоби, упатства, забавни факти и друго). Критичкото размислување значи да им се помогне на децата да поставуваат прашања кога учат за некоја тема, а не само да веруваат во сè што ќе слушнат или прочитаат.
- Креативност, игра и чувство за имагинација: Содржиниве поттикнуваат имагинација кај децата и се наменети да ги поттикнат децата да размислуваат и да се вклучат во работите на нови, креативни начини. Содржиниве може да прикажат создавање имагинарен свет, да измислуваат и раскажуваат сопствени приказни, совладување фудбалски вештини, придружување на пеење, градење оригинална игра или практична работа со уметност и занаети.
- Животни вештини и искуства: Содржиниве опфаќаат животни искуства (како првиот ден на училиште или одење на стоматолог) и позитивни примери. Им помагаат на децата да изградат животни вештини, како што се решавање проблеми и разбирање на нивните чувства. Често вклучуваат целосно раскажување (како развој на ликот, заплет, расплет) и јасен заклучок или лекција.
- Им го покажуваат светот: Содржиниве прикажуваат широк опсег на доживувања, луѓе и места во светот што им помага на децата да најдат приказни поврзани со нивните животи. Видеото може да содржи ликови со различни возрасти, интереси или заднини.
Принципи за содржини со низок квалитет
Избегнувајте да создавате содржини со низок квалитет. Содржини со низок квалитет се:
- Многу промотивни: Содржини коишто главно содржат истакнати производи, брендови и логоа (како што се играчки или храна) или поттикнуваат прекумерно купување, како што е видеа со отпакување.
- Охрабрување негативни однесувања или ставови: Содржини кои охрабруваат опасни активности, расипништво, малтретирање, нечесност или недоволна почит за другите. На пример, содржиниве може да вклучуваат опасни/небезбедни невкусни шеги, нездрава исхрана.
- Лажно едукативни: Ова се однесува на содржини коишто користат наслови или сликички за да ги измамат децата да мислат дека се едукативни, а всушност не се. Може да ветуваат дека ќе научат нешто, како бои или бројки, но прикажуваат неточни или некорисни информации.
- Тешки за следење: Видеа што се збунувачки или немаат смисла, често поради измешани приказни, нејасно аудио или недостаток на јасна приказна (почеток, средина и крај). Овој вид видео често е резултат на сериско производство или автоматско генерирање.
- Сензационални или наведувачки: Содржините коишто не се точни, преувеличени или бизарни и може да ја збунат младата публика. Можат да содржат и „пренатрупаност со клучни зборови“ или да користат популарни клучни зборови кај децата на повторувачки, изменет или преувеличен начин. Клучните зборови можат да се користат и на начин кој нема смисла.
- Чудна употреба на детски ликови: Содржиниве ги земаат ликовите што децата ги знаат и ги сакаат (анимирани или во живо) и ги ставаат во несоодветни или потенцијално ризични ситуации.
Влијание врз изведбата на каналот
Принципите за квалитет за детските и семејните содржини може да влијаат на изведбата на вашиот канал. Содржините со висок квалитет означени како „создадено за деца“ се истакнуваат во препораките. Тие ги носат и одлуките за инклузија во YouTube Kids и монетизација на канали и видеа. Ако утврдиме дека каналот има изразено низок квалитет на содржините означени како „создадено за деца“, може да биде суспендиран од „Програмата за партнери на YouTube“. Ако утврдиме дека одредено видео ги прекршува овие принципи на квалитет, видеото може да има ограничени реклами или воопшто да нема реклами.
Би сакале секој од вас да помогне во создавањето збогатувачки и инспиративни содржини за деца и семејства на YouTube.