Гледајте видеа на YouTube Kids на вашиот телевизор

Може да уживате во видеа од апликацијата YouTube Kids на вашиот телевизор така што ќе поврзете Chromecast, Apple TV, конзола за игри или паметен телевизор. 

Гледајте на Chromecast, конзоли за игри или паметни телевизори
  1. Проверете дали вашиот мобилен уред е поврзан на истата Wi-Fi мрежа како вашиот Chromecast, конзола за игри или паметен телевизор.  
  2. Отворете ја апликацијата YouTube Kids на вашиот мобилен уред. 
  3. Во горниот дел од која било страница во апликацијата, допрете „Емитувај“ .
    • Иконата ќе се појави само кога вашиот мобилен уред е поврзан на истата Wi-Fi мрежа како вашиот приемник.
  4. Од скокачката програма, изберете го Chromecast-уредот, конзолата за игри или паметниот телевизор на кој сакате да го пуштите видеото. 
  5. Откако ќе се поврзете, може да започнете да гледате кога иконата за емитување ќе стане сина .
Гледајте на Apple TV
  1. Проверете дали вашиот мобилен уред со iOS (iPhone или iPad) е поврзан на истата Wi-Fi мрежа со вашиот Apple TV.
  2. Отворете ја апликацијата YouTube Kids на вашиот мобилен уред со iOS. 
  3. Во горниот дел од која било страница, допрете ја иконата AirPlay .
    • Иконата се појавува само доколку вашиот мобилен уред со iOS е поврзан на истата Wi-Fi мрежа со вашиот Apple TV.
  4. Од скокачката програма, изберете го уредот со Apple TV на кој сакате да го пуштите вашето видео.
  5. Откако ќе се поврзете, може да започнете да гледате кога AirPlay иконата ќе стане сина .
Забелешка: за да ја користите YouTube Kids со Apple TV преку AirPlay, проверете дали вашиот Apple TV работи со OS6+ и дали пристапувате на апликацијата YouTube Kids од уред со iOS (iPhone, iPad, iPod Touch).

Дали ова беше корисно?

Како може да го подобриме?
Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
4939835404341957184
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
false
false