Кои видеа се достапни во YouTube Kids

Ја создадовме YouTube Kids за да биде место погодно за семејството во кое децата ќе може да ги истражуваат своите интереси. Користиме комбинација на филтрирање со алгоритми, информации од корисниците и рачни прегледи за да одредиме кои видеа ќе бидат достапни во YouTube Kids:

  • Квалитетот на видеата на почетниот екран дополнително се проверува преку рачни прегледи.
  • Нашиот алгоритам ги избира видеата прикажани во Пребарување и Препорачани.

Иако нашиот систем е ригорозно поставен и тестиран, ниеден алгоритам не е совршен, па дури и совршен алгоритам не може да биде еднаков со вашето размислување. Можно е вашето дете да најде содржини во апликацијата што вие не би сакале да ги види. Ако тоа се случи, може да го блокирате или да го пријавите видеото. Сериозно ги сфаќаме ваквите пријави и ги користиме за да ја подобриме апликацијата за сите.

Постојат и разни поставки и контроли што ви се достапни за да го приспособите доживувањето на вашето дете:

Ако го исклучите пребарувањето, детето ќе може да ги гледа само:

  • Видеата од одбрани канали што биле потврдени од YouTube Kids и
  • Видеата или каналите што ќе ги споделите со него од YouTube.
Забелешка: без разлика на поставките за Пребарување постои можност вашето дете да пронајде содржини што вие не би сакале да ги види.

Дали ова беше корисно?

Како може да го подобриме?
Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
12491704001778106141
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
false
false