Ја создадовме YouTube Kids за да биде место погодно за семејството во кое децата ќе може да ги истражуваат своите интереси. Користиме комбинација на филтрирање со алгоритми, информации од корисниците и рачни прегледи за да одредиме кои видеа ќе бидат достапни во YouTube Kids:
- Квалитетот на видеата на почетниот екран дополнително се проверува преку рачни прегледи.
- Нашиот алгоритам ги избира видеата прикажани во Пребарување и Препорачани.
Иако нашиот систем е ригорозно поставен и тестиран, ниеден алгоритам не е совршен, па дури и совршен алгоритам не може да биде еднаков со вашето размислување. Можно е вашето дете да најде содржини во апликацијата што вие не би сакале да ги види. Ако тоа се случи, може да го блокирате или да го пријавите видеото. Сериозно ги сфаќаме ваквите пријави и ги користиме за да ја подобриме апликацијата за сите.
Постојат и разни поставки и контроли што ви се достапни за да го приспособите доживувањето на вашето дете:
- Може да ги блокирате видеата или каналите.
- Може да ја користите поставката „Само одобрени содржини“. Со поставкава, вашето дете може да ги гледа само видеата, каналите и збирките што вие сте ги избрале.
- Може да споделувате видеа и канали од апликацијата YouTube со сметката на вашето дете.
- Може да го исклучите пребарувањето преку поставките за родители.
Ако го исклучите пребарувањето, детето ќе може да ги гледа само:
- Видеата од одбрани канали што биле потврдени од YouTube Kids и
- Видеата или каналите што ќе ги споделите со него од YouTube.