Нашите тимови преземаат опсежни мерки за да обезбедат средина соодветна за семејствата во апликацијата YouTube Kids. Сепак, ако видите несоодветно видео, помогнете ни така што ќе го пријавите:
- Одете на страницата за гледање на видеото што сакате да го пријавите.
- Допрете „Повеќе“
во горниот агол на видеоплеерот.
- Допрете Пријави.
- Изберете ја причината за пријавување на видеото (Несоодветни визуелни елементи, Несоодветно аудио или Друго).
Ако сте најавени кога ќе пријавите несоодветно видео, тоа автоматски ќе биде блокирано во апликацијата YouTube Kids.
Пријавените видеа се прегледуваат 24 часа на ден, 7 дена во седмицата, а ќе бидат отстранети од апликацијата YouTube Kids ако тоа биде потребно. Имајте предвид дека повеќекратното пријавување на некое видео не ја зголемува веројатноста за негово отстранување од апликацијата.