Препорачани видеа на YouTube Kids

YouTube Kids се подобрува со секое гледано видео. Откако вашето дете ќе погледне неколку видеа, YouTube Kids може да му препорачува видеа на почетниот екран и да ја прикаже картичката „Препорачани“ .

  • Препорачаните видеа вклучуваат видеа според историјата на гледање и пребарување на вашето дете. Тие се добиваат од сите достапни видеа на YouTube Kids и ги избира нашиот алгоритам без рачен преглед.
  • Ако профилот на вашето дете е поставен на „Само одобрени содржини“, препорачаните видеа ќе доаѓаат од содржините што сте ги одобриле за вашето дете.
  • Препорачаните видеа се базираат и на поставката за содржини што сте ја избрале за вашето дете. Доколку се избрани поставките за помлади деца, препорачаните видеа се добиваат од видеата достапни само со поставките за содржини за помлади деца. Доколку се избрани поставките за постари деца, препорачаните видеа се добиваат од видеата достапни со поставката за содржини за постари деца. Овде се вклучени и сите видеа за помлади деца.
  • Може да ги ресетирате препорачаните видеа така што ќе ја избришете историјата во родителските поставки на YouTube Kids или поставките за родители на YouTube. Ако ја паузирате историјата на пребарување или гледање, YouTube Kids нема да ги користи видеата што ги гледате или вашите пребарувања за да препорачува видеа додека историјата е паузирана.
  • YouTube Kids автоматски ќе ги ресетира препорачаните видеа така што ќе ја брише историјата секогаш кога ќе го исклучите пребарувањето. Кога пребарувањето е исклучено, препорачаните видеа ќе се засноваат само на видеата гледани од исклучувањето на пребарувањето. Без разлика дали пребарувањето е вклучено или исклучено, препорачаните видеа се избираат од широкиот спектар видеа достапни на YouTube Kids.

Презедовме одредени мерки на претпазливост за да се осигуриме дека семејствата ќе може да пронаоѓаат видеа што се соодветни за помладата публика во YouTube Kids. Ги прегледуваме препорачаните содржини со помош на комбинација од алгоритми и податоци од корисниците. Постојано вршиме и подобрувања базирани на нови технологии, истражувања и повратни информации од корисниците. YouTube се справува со неверојатно голем обем на содржини. Затоа, иако напорно работиме да го понудиме најдоброто, можно е понекогаш вашето дете да најде содржини што вие не би сакале да ги гледа. Доколку тоа се случи, може да го блокирате видеото или каналот или да го пријавите видеото.

Дали ова беше корисно?

Како може да го подобриме?
Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
13194349066497567421
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
false
false