Процесот за поставување надзор може да го започне или родителот или тинејџерот, но и двајцата ќе треба да се согласат да ги поврзат своите сметки пред да се вклучи надзорот. Надзорот може да го исклучи или родител или тинејџер во секое време.
Погледнете ги овие ресурси ако барате информации за сметките на YouTube за деца.
Задолжителен родителски надзор во некои региони
Може да се бара корисниците во одредени региони да имаат родителски надзор на сметката за да создадат или да одржуваат канал на YouTube.
Регионални услови:
- Бразил: Сите корисници на возраст под 16 години мора да имаат родителски надзор за да создадат или да одржуваат канал на YouTube.
Што значи тоа за тебе
Ако ги исполнуваш критериумите погоре, мора да ја поврзеш твојата сметка со родител за да продолжиш да користиш одредени функции. Ако не поставиш надзор, може да важат следниве ограничувања:
- Ако имаш канал на YouTube, твојот канал веќе нема да биде видлив за другите корисници и нема да може да пристапуваш до него надвор од Google Takeout. Тука спаѓаат:
- Прикачувања
- Коментари
- Нема да може да создадеш нов канал додека не се поврзеш со родител што ќе врши надзор.
- Ќе те отстраниме од сите улоги што ги имаш на други канали, на пр., управник или косопственик. Ако други корисници имаат улоги на твојот канал, тие ќе бидат отстранети.
Што може да направиш
Поврзување на твојата сметка со родител
Следи ги упатствата во апликацијата YouTube, кои ќе се појават ако за твојата сметка е потребен задолжителен родителски надзор. Може и да поставиш надгледувана тинејџерска сметка преку „Семејниот центар“.
Преземање на твоите податоци и содржини
- Оди на Google Takeout.
- Под „СОЗДАЈТЕ НОВ ИЗВОЗ“, избери го полето YouTube и YouTube Music.
- Избери Следен чекор.
- Пополни го формуларот „Изберете тип датотека и дестинација“.
- Избери Создај извоз.
Дознај повеќе за преземањето на твоите податоци на Google. Дури и ако не ги преземеш твоите податоци и содржини, тие повторно ќе ти бидат достапни кога ќе ја достигнеш минималната возраст за да имаш канал во твојот регион.
Бришење на твоите податоци и содржини
Постојано работиме за да ти овозможиме да ја задржиш контролата врз твојата приватност и безбедност на YouTube. Во секое време може трајно да го избришеш твојот канал и содржини, вклучително и видеата, претплатите и историјата на пребарување и гледање. Дознај повеќе за бришењето на твојот канал на YouTube.
- Оди на myaccount.google.com/youtubeoptions.
- Избери Сакам трајно да ги избришам моите содржини.
- Избери ги опциите што важат за тебе.
- Избери Избриши ги моите содржини.
Менување на локацијата
Ако се имаш преселено или сметаш дека со твојата сметка треба да се поврзе друга локација, може да поднесеш барање за промена на регионот. Ако користиш надгледувана детска сметка, тогаш твојот семеен управник, односно родителот што врши надзор на твојата сметка, ќе треба да го пополни формуларот во твое име.
Враќање на твојот канал
Може да го вратиш твојот канал откако ќе исполниш некој од овие услови:
- Поставување родителски надзор: Откако успешно ќе ја поврзеш твојата сметка со родител, може да го отскриеш твојот канал и да ги вратиш твоите содржини преку поставките за YouTube.
- Достигнување на минималната возраст во твојот регион: Кога ќе ја достигнеш потребната возраст, може да ги вратиш твојот канал и содржини без услови за надзор.
- Преселување надвор од регионот: Ако се имаш преселено, може да поднесеш барање за промена на регионот.
За повторно да го овозможиш твојот канал, следи ги чекорите за вклучување на каналот. Откако ќе ги извршиш чекорите, твојот стар канал ќе биде вратен.
ЧПП
Дали надзорот е достапен само за тинејџери?
Иако оваа сметка е наменета за родители и тинејџери (на возраст од 13 до 17 години во повеќето земји и региони), семејствата исто така може да поврзат сметки што не се тинејџерски во Семејниот центар. Секое семејство одлучува дали и како сака да користи надзор на YouTube.
Ако сакате да поврзете сметки со некој што е постар од тинејџер, може да ги следите истите чекори за поставување.
Може и да поставите надгледувана детска сметка за деца под 13 години (или соодветната возраст во нивната земја или регион).
Дали родителите може да добиваат известувања преку е-пошта за активноста на каналот на своите тинејџери?
Која активност на каналот може да ја гледаат и да управуваат со неа родителите при надзорот на своите тинејџери?
- каналите во сопственост на нивните тинејџери и имињата на каналите на кои нивните тинејџери може да прикачуваат видеа. Родителите може да ги прегледуваат податоците за овие канали, на пр. профилната слика, банерот на каналот, прекарот, биографијата и бројот на претплатници.
- колку јавни, приватни и ненаведени видеа нивните тинејџери прикачиле на своите канали.
- колку стримови во живо нивните тинејџери одржале на своите канали.
- колку коментари нивните тинејџери објавиле на други видеа.
- на колку канали се претплатени нивните тинејџери.
- Родителите може да поставуваат потсетници за дигитална благосостојба за своите деца, меѓу кои и „Направи пауза“, потсетници за време за спиење и да им помогнат на тинејџерите да бидат поодговорни за тоа како гледаат, со контрола за поставување на времето поминато на лизгање низ Shorts.
Како се разликува надгледуваната тинејџерска сметка од надгледуваната детска сметка или YouTube Kids?
Односот на секое семејство со аудиовизуелните содржини и технологијата е различен, па ви нудиме опции за да одлучите што е најдобро за вашето. Секоја од овие сметки е дизајнирана за различни старосни групи и потреби:
- YouTube Kids: Посебна апликација со содржини за деца на возраст под 13 години.
- Надгледувана детска сметка: Сметка што родителите може да ја постават за децата под 13 години (или соодветната возраст во нивната земја или регион) што се подготвени да го користат YouTube. Родителите може да управуваат со поставките за содржини, контролите и друго.
- Надгледувана тинејџерска сметка: Доброволна сметка за тинејџерите на возраст над 13 години (или соодветната возраст во нивната земја или регион) што им дава увид на родителите во активностите и интересите на нивните тинејџери на YouTube.
Дознајте повеќе за вашите опции.