Кога гледате видео, може да забележите дека се појавил овој симбол кога има платено промовирање. Може да се прикаже и текст што гласи „Каналов добил пари или бесплатни производи за да го создаде видеово“ или „Содржи платено промовирање“. Тоа значи дека создавачот на видеото можеби добил пари или бесплатни производи од некоја компанија.
На пример, ако во некое видео се прикажува играчка, создавачот на видеото можеби бил платен за да ви ја покаже играчката. Играчката ви се прикажува затоа што компанијата што ја изработила играчката сака да ја купите.
Што е платена пропагандна порака? (За деца)
Претплатете се на каналот YouTube Viewers за најновите вести, промени и совети.
Разберете го платеното промовирање
Постојат неколку различни видови платено промовирање што вие или вашите деца може да ги видите додека гледате видеа:
- Платени пропагандни пораки: видеа создадени за компанија или бизнис во замена за пари, бесплатни производи или бесплатни услуги. Исто така, видеа во кои брендовите, пораките или производите на компаниите или бизнисите се директно вклучени во содржините. Компанијата му дала на создавачот пари или бесплатни производи за да го создаде видеото.
- Препораки: видеа создадени за огласувачи што содржат порака што ги одразува мислењата, ставовите или искуствата на создавачот или спонзорот.
- Спонзорства: видеа што целосно или делумно биле финансирани од компанија, без директно да се вклучува брендот, пораката или производот во содржините. Наместо тоа, брендот, пораката или спонзорираниот производ може да се промовираат преку краток прекин на видеото. На пример, создавачот може да сними видео во кое слика, но во текот на сликањето да направи кратка пауза во која ќе го промовира новиот производ на спонзорот на видеото.
ЧПП
Како може да ги информирам моите деца за платеното промовирање?
Важно е децата да разберат дека создавачите може да добиваат производи или услуги, а за возврат да вршат промоции во нивните видеа. Еве неколку совети за да му го објасните платеното промовирање на вашето дете:
- Зборувајте со вашите деца за платеното промовирање во видеата и научете ги да ги препознаваат показателите за платено промовирање (
). Погледнете го ова кратко видео и прашајте го детето како може да препознае дека во некое видео има платено промовирање.
- Разговарајте за омилените создавачи на детето и објаснете му дека некои од овие создавачи ги одржуваат своите канали благодарение на платените пропагандни пораки. За многу создавачи, создавањето видеа на YouTube е работа со полно работно време.
- Научете го вашето дете да бара фрази како „спонзорирано од“, „во партнерство со“ или „#реклама“.