Претплатете се на каналот YouTube Viewers за најновите вести, промени и совети.
Може да одлучите која сметка на YouTube е најдобрата за вашето семејство. Користете го графиконот подолу за да ги дознаете разликите меѓу надгледувана детска сметка, надгледувана тинејџерска сметка и апликацијата YouTube Kids.
| YouTube Kids | Надгледувани детски сметки | Надгледувани тинејџерски сметки | |
|---|---|---|---|
| Што е тоа? |
Посебна апликација што нуди побезбедно и поедноставна сметка за децата. Нуди и алатки што им овозможуваат на родителите или старателите да ги насочуваат децата при гледањето. Дознајте повеќе на youtube.com/kids. |
Надгледувана сметка управувана од родител, задолжителна за деца под 13 години или соодветната возраст за согласност во нивната земја. Нуди ограничени функции, заштитни мерки за дигитална благосостојба и поставки за содржини поставени од родителите. Дознајте повеќе за надгледуваните детски сметки. |
Доброволно надгледувана сметка што може да ја постават родителите или тинејџерите. Нуди заштитни мерки за дигитална благосостојба и поставки за содржини за тинејџери поставени од родителите. Дознајте повеќе за надгледуваните тинејџерски сметки. |
| За кого е наменета? | Деца чии родители сакаат лично да им изберат содржини за гледање. |
Деца на возраст под 13 години (или соодветната возраст во нивната земја или регион) чии родители одлучиле дека се подготвени да го истражуваат YouTube со применети поставки за содржини што ги избрале родителите. |
Тинејџери на возраст над 13 години (или соодветната возраст во нивната земја или регион) што користат YouTube, но би сакале родителски надзор. |
| Кои поставки за содржини се достапни за моето дете? |
Опфаќа помал избор на видеа отколку надгледувана сметка на YouTube. Достапните содржини се променуваат според поставката за содржини на YouTube Kids што ја избираат родителите при создавањето на сметката.
Ако најдете видео што не е соодветно за деца, може да го пријавите. Дознајте повеќе за поставките за содржини на YTK. |
Достапните содржини се променуваат според поставката за содржини што ја избираат родителите при создавањето на сметката.
Независно од избраната поставка за содржини, содржините ограничени според возраст не се достапни за корисници на возраст под 18 години. Ако најдете видео што не е соодветно за деца, може да го пријавите. Дознајте повеќе за поставките за содржини. |
Тинејџерите автоматски се ставаат во поставка за содржини според нивната возраст. На пример, корисниците на возраст од 13 до 15 години се ставаат во поставката „Тинејџери“, додека корисниците на возраст од 16 до 17 години се ставаат во поставката за содржини „Постари тинејџери“. Поставките за содржини може да се приспособуваат само преку поврзаните родителски сметки. Родителите може да изберат една од следниве поставки:
Независно од избраната поставка за содржини, содржините ограничени според возраст не се достапни за корисници на возраст под 18 години. Ако најдете видео што не е соодветно за деца, може да го пријавите. Дознајте повеќе за поставките за содржини. |
| Дали може точно да изберам кои видеа ќе ги гледа моето дете? | Може рачно да ги изберете видеата до кои сакате да има пристап вашето дете. Дознајте повеќе. | Може да ја изберете поставката за содржини, па YouTube ќе се погрижи соодветно да ги филтрира содржините. Може и да блокирате канали. | Може да ја изберете поставката за содржини, па YouTube ќе се погрижи соодветно да ги филтрира содржините. |
| Како да поставам ограничувања на времето поминато на уредот за моето дете? | Користете ја апликацијата YouTube Kids за да може директно да ги дефинирате поставките за времето поминато на уредот за вашето дете. | Може да ја користите Семеен центар за да управувате со ограничувањата на времето поминато на уредот за вашето дете, вклучително и поставување ограничување за фидот Shorts. | Може да ја користите Семеен центар за да управувате со ограничувањата на времето поминато на уредот за вашето дете, вклучително и поставување ограничување за фидот Shorts. |
| Дали е потребна сметка на Google за моето дете? | Не, не е потребна сметка на Google. | Не, не е потребна сметка на Google за да поставите надгледувана детска сметка. | Не, не е потребна сметка на Google за да поставите надгледувана детска сметка. |
Дознајте повеќе за YouTube Kids, надгледуваните детски сметки и надгледуваните тинејџерски сметки.