За „Гаранција на цена“ на „Летови на Google“

„Гаранција на цена“ е пилот-програма што е достапна за одредени планови за патувањата на „Летови на Google“. За одредени летови, алгоритмите на Google се сигурни дека цената што ќе ја пронајдете е најниската достапна цена пред поаѓањето на летот. За тие летови, ние ќе ја следиме цената до полетувањето на првиот лет од вашиот план за патувањето. Ако цената се намали, ќе ви исплатиме поврат на разликата.

Досега, „Гаранција на цена“ беше достапна за одредени планови за патувањата на „Резервирајте на Google“. Ја проширивме нашата програма на одредени планови за патувањата што ги наоѓате на „Летови на Google“, но ги резервирате на веб-сајт на авиокомпанија или туристичка агенција.

За да ја добиете најсоодветната помош, изберете го вашиот начин на резервирање:

Резервација на план за патувањето на „Резервирајте на Google“

Ако изберете план за патувањето со загарантирана цена што ви овозможува да резервирате на „Резервирајте на Google“, што значи дека сте останале на Google за да ја завршите вашата трансакција со авиокомпанијата или туристичката агенција, изберете ја оваа опција.

Колку пари може да добијам од „Гаранција на цена“?

„Гаранција на цена“ ви ја исплаќа разликата меѓу цената на летот при резервирањето и најниската цена на билетот од моментот на резервирање до полетувањето. За да добиете исплата, разликата во цените мора да биде поголема од 5 американски долари. Вкупно може да добиете до 500 американски долари по сметка на Google на сите подобни планови за патувањата во дадена календарска година. Може да имате најмногу 3 отворени резервации со загарантирана цена истовремено. Тоа значи дека првиот лет во планот за патувањето сѐ уште не полетал. Ако сте подобни, ќе добиете исплата по полетувањето на првиот лет во резервираниот план за патувањето.

Како може да добијам „Гаранција на цена“?

Важно:

  • за да ги гледате летовите со загарантирана цена, вашата земја/регион мора да биде поставена на САД, а валутата мора да биде американски долари
  • „Гаранција на цена“ важи само за летовите во еден правец и повратните летови што полетуваат од САД
  • мора да користите адреса за наплата во САД и телефонски број од САД на страницата „Резервирајте на Google“
  • мора да бидете најавени на вашата сметка на Google

„Гаранција на цена“ е достапна само за летовите за коишто сме сигурни дека цената нема да се намали. Овие летови се обележани со шарена значка за цени кога ги избирате појдовните и повратните летови. Поврат на средства со „Гаранција на цена“ ќе се изврши само ако цената на летот се намали откако ќе резервирате и пред да полета првиот лет во вашиот план за патувањето.

  1. Под „Појдовни летови“, изберете лет со значка
  2. Изберете го планот за патувањето со значка и продолжете со плаќање
    • За да важи „Гаранција на цена“, сите летови во вашиот план за патувањето мора да ја имаат значката за „Гаранција на цена“
  3. Кликнете го линкот „Резервирајте на Google“
  4. На страницата „Резервирајте на Google“, штиклирајте го полето до „Гаранција на цена“ за да ги прифатите Условите за користење

Ќе добиете е-порака за потврда кога ќе се активира „Гаранција на цена“.

Колку долго трае „Гаранцијата на цена“?

„Гаранција на цена“ стапува во сила откако ќе резервирате на Google. Меѓутоа, ако авиокомпанијата ги ажурира цените побрзо отколку што се вчитуваат на „Летови на Google“, можеби веќе нема да може да ви ја понудиме „Гаранцијата на цена“. Може да најдете „Гаранција на цена“, но ако цената се ажурира пред да резервирате, гаранцијата може да не биде достапна кога ќе резервирате.

Дали треба да платам за „Гаранција на цена“?

Не, „Гаранцијата на цена“ е бесплатна.

Што ќе се случи откако ќе резервирам?

Откако ќе резервирате, ние ќе ја следиме цената до полетувањето на првиот лет во вашиот план за патувањето. Потоа ќе ви испратиме е-порака со известување дали се намалила цената. Може да добиете и известување преку е-пошта во периодот меѓу резервирањето и полетувањето. Ако се намали цената, ќе ви исплатиме поврат на разликата во Google Pay. Ако не се намали цената, може да бидете сигурни дека сте ја добиле најповолната цена со „Летови на Google“.

Како ќе добијам исплата на разликата?

Важно:

  • мора да бидете постари од 18 години
  • мора да имате или да создадете сметка на Google Pay за да ја присвоите исплатата мора да бидете најавени со истата сметка на Google што сте ја користеле при резервирањето на летот на „Резервирајте на Google“
  • кога ќе станете корисник на Google Pay, подлежите на Условите за користење на Google Pay

Ако се намали цената, ќе ве известиме по полетувањето и ќе ви исплатиме поврат на разликата во Google Pay. Обично се потребни до 48 часа за депонирање на парите во вашата сметка.

Ако немате сметка на Google Pay, мора да си создадете за да може да ви исплатиме поврат на разликата:

  • кликнете Добијте ги вашите X $ во е-пораката што ќе ви ја испратиме и создајте сметка на Google Pay во рок од 90 дена од полетувањето на првиот лет во вашиот план за патувањето. Разликата ќе ја депонираме во вашето „Салдо на Google Pay“ или „Пари во Google Pay“ на pay.google.com во рок од 48 часа

Парите може да ги префрлите во вашата банкарска сметка штом ќе ги видите во вашето „Салдо на Google Pay“ или „Пари во Google Pay“:

  1. Одете на pay.google.com
  2. Кликнете Начини на плаќање и потоа Пари во Google Pay или Салдо на Google Pay
  3. Кликнете Повлекување
    • Внесете го износот што сакате да го повлечете
    • Изберете ја банкарската сметка на којашто сакате да ги префрлите парите
  4. Кликнете Повлекување

Сѐ додека не го потврдите вашиот идентитет, може да повлечете вкупно до 200 американски долари седмично на веб-сајтот на Google Pay. За да повлекувате повеќе пари, мора да ја преземете апликацијата Google Pay и да го потврдите вашиот идентитет. Дознајте повеќе за ограничувањата на Google Pay.

Ако наидете на проблеми при преземањето на апликацијата Google Pay, одете во Центарот за помош на Google Pay.

Што ако го откажам моето патување?

Ако го промените вашето патување или откажете некој дел од него, нема да добиете поврат на разликата.

Каде може да ги најдам сите детали?

Може да ги најдете деталите за програмата во нашите Услови за користење. Ако вашиот лет има „Гаранција на цена“, ќе важат „Условите за користење“ на „Гаранција на цена“.

Ако имате проблеми или прашања, контактирајте со нас за вашиот лет.

Често поставувани прашања

Дали треба да направам нешто откако ќе резервирам?

Не. Ние ја следиме цената автоматски откако ќе резервирате до полетувањето на вашиот прв лет и ќе ве известиме по полетувањето ако се намали цената.

Ако цената се намали, кога ќе добијам исплата на разликата?

Најчесто ја добивате разликата во вашата сметка на Google Pay во рок од 48 часа по полетувањето на вашиот прв лет.

Дали може да ја откажам мојата „Гаранција на цена“?

Може да се откажете од „Гаранцијата на цена“ пред да го резервирате летот. За да ја откажете „Гаранцијата на цена“ по резервирањето, контактирајте со нас за вашиот лет.

Што ако мојот лет се откаже или презакаже?

Ако вашиот лет се откаже или презакаже, нема да добиете поврат на разликата.

Што ако цената се намали, па повторно се зголеми?

Сепак ќе добиете поврат на разликата меѓу цената при резервирањето и најниската достапна цена пред полетувањето.

Резервација на веб-сајтот на авиокомпанија или туристичка агенција

Ако изберете план за патувањето со загарантирана цена на „Летови на Google“, а резервирате на веб-сајтот на конкретна авиокомпанија или онлајн туристичка агенција, изберете ја оваа опција.

Колку пари може да добијам од „Гаранција на цена“?

Кога ќе изберете опција за резервирање со загарантирана цена на „Летови на Google“, „Гаранцијата на цена“ ви ја исплаќа разликата меѓу цената на летот при резервирањето и најниската цена на билетот за истиот план за патувањето на „Летови на Google“ од моментот на резервирање до полетувањето. За да добиете исплата, разликата во цените мора да биде поголема од 5 американски долари. Вкупно може да добиете до 500 американски долари по сметка на Google на сите подобни планови за патувањата во дадена календарска година. Може да имате најмногу 3 потврдени резервации со загарантирана цена истовремено. Ако сте подобни, ќе добиете поврат на пари по полетувањето на првиот лет во резервираниот план за патувањето.

Како може да добијам „Гаранција на цена“?

Важно:

  • за да најдете летови со загарантирана цена, вашата земја/регион мора да биде поставена на САД, а валутата мора да биде американски долари
  • „Гаранција на цена“ важи само за летовите во еден правец и повратните летови што полетуваат од САД
  • мора да бидете најавени на вашата сметка на Google

„Гаранција на цена“ е достапна само за летовите за коишто сме сигурни дека цената нема да се намали. Овие летови се обележани со шарена значка за цени  кога ги избирате појдовните и повратните летови. Поврат на средства со „Гаранција на цена“ ќе се изврши само ако цената на летот се намали откако ќе изберете опција за резервирање со загарантирана цена на „Летови на Google“ и пред да полета првиот лет во вашиот план за патувањето.

  1. Под „Појдовни летови“, изберете лет со значка
    • За да важи „Гаранција на цена“, сите летови во вашиот план за патувањето мора да ја имаат значката за „Гаранција на цена“
  2. Кликнете Продолжи во „Опции за резервирање“ за да ја изберете опцијата за резервирање со загарантирана цена
    • Опциите за резервирање со загарантирана цена имаат значка за „Гаранција на цена“
    • Гарантираме дека цената што ќе ја најдете веднаш до значката за „Гаранција на цена“ нема да се намали пред полетувањето
  3. На веб-сајтот на авиокомпанијата или туристичката агенција, резервирајте го истиот план за патувањето со загарантирана цена на „Летови на Google“. За да важи „Гаранцијата на цена“, мора да се совпаѓаат сите составни делови на резервираниот план за патувањето, меѓу кои и авиокомпанијата, бројот на летот, датумите, бројот на патници, цената на билетот и класата на кабината, како и политиката за откажување
  4. Откако ќе ја изберете опцијата за резервирање со загарантирана цена на „Летови на Google“, Google ќе ја следи цената секој ден до полетувањето
    • Ќе добиете е-порака по полетувањето со известување дали се намалила цената
  5. Ако се намали цената, за да добиете исплата на разликата во Google Pay, ќе треба да потврдите дека сте го резервирале летот:
    • Во е-пораката, кликнете Да, го резервирав летов и следете ги упатствата:
      • Внесете ги бројот за потврда и презимето, па штиклирајте го полето за да ги прифатите Условите за користење
      • Кликнете Потврди
  • алтернативно, одете на страницата на „Гаранција на цена“:
    • најдете го вашиот план за патувањето со загарантирана цена
    • кликнете Да, го резервирав
    • внесете ги бројот за потврда и презимето, па штиклирајте го полето за да ги прифатите „Условите за користење“
    • кликнете Потврди

Вашите летови со загарантирана цена може да ги најдете на страницата на „Гаранција на цена“. Вашите поставки за е-пошта може да ги ажурирате во Поставки за патување.

Колку долго трае „Гаранцијата на цена“?

„Гаранцијата на цена“ стапува во сила откако ќе изберете опција за резервирање со загарантирана цена на „Летови на Google“.

Дали треба да платам за „Гаранција на цена“?

Не, „Гаранцијата на цена“ е бесплатна.

Што ќе се случи откако ќе изберам опција за резервирање со загарантирана цена?

Откако ќе изберете опција за резервирање со загарантирана цена, ќе ја следиме цената сѐ додека не полета првиот лет во вашиот план за патувањето. Потоа ќе добиете е-порака со известување дали се намалила цената. Може да добиете и известување преку е-пошта во периодот меѓу избирањето опција за резервирање со загарантирана цена и полетувањето. Ако се намали цената, мора да потврдите дека сте го резервирале летот во рок од 30 дена по полетувањето на првиот лет во вашиот план за патувањето за да ви исплатиме поврат на разликата во Google Pay. Ако не се намали цената, може да бидете сигурни дека сте ја добиле најповолната цена со „Летови на Google“.

Каде може да ги прегледам моите подобни летови со загарантирана цена?

Ако сте избрале опција за резервирање со загарантирана цена, може да управувате со летот на страницата на „Гаранција на цена“.

Како да потврдам „Гаранција на цена“?

Ако се намали цената за избран лет подобен за „Гаранција на цена“, ќе добиете е-порака од „Летови на Google“. За да ја потврдите „Гаранцијата на цена“, кликнете Да, го резервирав летов и следете ги упатствата во е-пораката:

  • внесете ги бројот за потврда и презимето, па штиклирајте го полето за да ги прифатите Условите за користење
    • бројот за потврда е алфанумерички код во е-пораката за потврда на резервацијата што ја добивте по купувањето на летот на веб-сајтот на авиокомпанијата или туристичката агенција (на пример: SFTORB)
  • кликнете Потврди

Алтернативно, за да управувате со вашата „Гаранција на цена“, одете на страницата на „Гаранција на цена“. За да ја потврдите „Гаранцијата на цена“, кликнете Да, го резервирав и следете ги упатствата.

Може да имате најмногу 3 потврдени резервации со загарантирана цена истовремено.

Како ќе добијам исплата на разликата?

Важно:

  • мора да бидете постари од 18 години
  • мора да имате или да создадете сметка на Google Pay за да ја присвоите исплатата мора да бидете најавени со истата сметка на Google што сте ја користеле за пребарување на летот на „Летови на Google“
  • кога ќе станете корисник на Google Pay, подлежите на Условите за користење на Google Pay

Ако се намали цената, ќе ве известиме по полетувањето и ќе ви ја исплатиме разликата во Google Pay. Ако сѐ уште не сте потврдиле дека сте го резервирале летот, ќе побараме да го направите тоа. Штом ќе потврдите, ќе ви ја исплатиме разликата во Google Pay. Обично се потребни до 48 часа за депонирање на парите во вашата сметка.

Ако немате сметка на Google Pay, мора да си создадете за да може да ви исплатиме поврат на разликата:

  • ако се намали цената, а вие сте ја потврдиле вашата резервација пред полетувањето на првиот лет:
  • ако се намалила цената, а вие не сте ја потврдиле вашата резервација пред полетувањето на првиот лет:
    • потврдете дека сте го резервирале летот во рок од 30 дена по полетувањето на првиот лет во вашиот план за патувањето
    • штом ќе потврдите, за да ја присвоите разликата:

Парите може да ги префрлите во вашата банкарска сметка штом ќе ги видите во вашето „Салдо на Google Pay“ или „Пари во Google Pay“:

  1. Одете на pay.google.com
  2. Кликнете Начини на плаќање и потоа Пари во Google Pay или Салдо на Google Pay
  3. Кликнете Повлекување
  4. Внесете го износот што сакате да го повлечете
  5. Изберете ја банкарската сметка на којашто сакате да ги префрлите парите
  6. Кликнете Повлекување

Сѐ додека не го потврдите вашиот идентитет, може да повлечете вкупно до 200 американски долари седмично на веб-сајтот на Google Pay. За да повлекувате повеќе пари, мора да ја преземете апликацијата Google Pay и да го потврдите вашиот идентитет. Дознајте повеќе за ограничувањата на Google Pay.

Ако наидете на проблеми при преземањето на апликацијата Google Pay, одете во Центарот за помош на Google Pay.

Како да ги сопрам известувањата преку е-пошта за „Гаранција на цена“?

Управувајте со вашите летови со загарантирана цена на страницата на „Гаранција на цена“. Ако кликнете Не, не резервирав, веќе нема да ви испраќаме известувања преку е-пошта за конкретниот план за патувањето.

Известувањата преку е-пошта може да ги исклучите и во Поставките за патување. Сепак, ако потврдите план за патувањето со загарантирана цена, дури и ако сте се откажале од известувањата преку е-пошта, ќе добиете една последна е-порака со известување дали се намалила цената.

Функцијата „Гаранција на цена на Google“ може да ја исклучите и во Поставките за патување. Кога ќе ја исклучите функцијава, ќе ги отстраните сите ваши постојни летови со загарантирана цена, а нема ни да ви прикажуваме значки за „Гаранција на цена“ во „Летови на Google“. Нема да добиете исплата за летови со загарантирана цена на чекање, дури и ако веќе сте ги потврдиле.

Што ако го откажам моето патување?

Ако го промените вашето патување или откажете некој дел од него, нема да добиете поврат на разликата.

Каде може да ги најдам сите детали за програмата?

Детали за програмата може да најдете во Дополнителните услови за користење на „Гаранција на цена на Google“. Овие „Услови“ важат за секој лет со „Гаранција на цена“.

Ако имате проблеми или прашања, контактирајте со нас за вашиот лет.

Често поставувани прашања

Што ако мојот лет се откаже или презакаже?

Ако вашиот лет се откаже или презакаже, нема да добиете поврат на разликата.

Што ако цената се намали, па повторно се зголеми?

Сепак ќе добиете исплата на разликата меѓу цената кога сте ја избрале опцијата за резервирање со загарантирана цена на „Летови на Google“ и најниската достапна цена пред полетувањето.

Поврзани ресурси

Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
975928451338728616
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
true
true
254
false
false