Филтрирај ги цените на летовите според надоместот за багаж

Прикажи ги цените на летовите што вклучуваат надомест за багаж

Важно: Google ги прикажува информациите за багажот што ги добива од своите партнери. Сите прикажани надоместоци за багаж може да подлежат и на дополнителни државни даноци.

Филтерот „Багаж“ ви овозможува да ги прикажете цените на летовите во кои е вклучена и цената за чекиран багаж или рачен багаж. Ова може да ви помогне подобро да ги споредите цените и да ги избегнете непредвидените трошоци на аеродромот. 

Пред да почнете

Багажот може да биде во разни форми и големини, но авиокомпаниите обично го класифицираат како рачен багаж или чекиран багаж.

Вид багаж

Како се нарекува

Каде го собира

Рачен багаж

Рачен багаж, багаж за во кабина, куферче на тркалца, торбичка со тркалца

Во багажниот простор над главата

Чекиран багаж

Чекиран багаж

Во товарниот простор

Надоместот за рачен багаж се разликува во секоја земја. Освен тоа, она што се квалификува како рачен багаж се разликува кај секоја авиокомпанија. За да ги пронајдете разните ограничувања за големина, ограничувањата за тежина, како и цените за секој вид багаж, погледнете ја страницата со правила и надоместоци за багаж на конкретната авиокомпанија.

Користете го филтерот за багаж

Кога барате летови, можеби веќе знаете дали ќе сакате да го носите багажот со себе во авионот или да го чекирате. Ако знаете, може да го користите филтерот за багаж на Google Flights за да ги прикажете цените на летови што го вклучуваат надоместот за секој чекиран багаж или за чување багаж во багажниот простор над главата.

Вклучувањето на филтерот за багаж не би требало да ги отстрани летовите од резултатите, туку само да ги ажурира цените. Посебен случај е ако единствените преостанати седишта на одреден лет не вклучуваат пристап до багажниот простор над главата. Дури, во некои случаи, може да биде поевтино да го чекирате багажот отколку да го платите надоместот за да го носите со себе. 

Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
4440689968103202758
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
true
true
254
false
false