Пребарувајте хотели на Google

Може да споредувате и да резервирате хотели со помош на „Пребарување на Google“

  • Филтрирајте ги хотелите по цена, локација, оцени и класа.
  • Погледнете ги деталите за хотелот, вклучувајќи и фотографии и рецензии.
  • Резервирајте соба преку еден од нашите партнери за резервирање.

Побарајте хотел

  1. Одете на google.com.
  2. Во лентата за пребарување, внесете хотели во градот или регионот каде што сакате да престојувате. На пример, хотели во Париз.
  3. Одете до полето со резултати за хотели во резултатите од пребарувањата.
  4. За да ги видите сите резултати за хотели:
    • Внесете ги датумите.
    • Во долниот дел на полето, допрете или кликнете го линкот.

НА КОМПЈУТЕР: ПРЕБАРУВАЊЕ ХОТЕЛИ

НА МОБИЛНИ УРЕДИ: ПРЕБАРУВАЊЕ ХОТЕЛИ

Насочете го пребарувањето хотели

Откако ќе пребарате некој хотел, во горниот дел:

  • Приспособете ги датумите.
  • Користете ги филтрите за да го ограничите пребарувањето. Може да филтрирате според цена, зафатеност, оцени од корисниците, класа на хотелот или погодности.
  • Користете ја картата за да ја видите локацијата и другите хотели во околината.

Резервирајте хотел

  1. Изберете хотел.
  2. Допрете или кликнете Резервирај соба.
  3. Проверете ги датумите и другите податоци. Потоа изберете опција за резервирање.
  4. Комплетирајте ја трансакцијата на веб-сајтот на хотелот или туристичката агенција. 

Забелешка: некои хотели и туристички агенции ви овозможуваат да ја завршите резервацијата директно на Google. За овие случаи, дознајте како да резервирате хотел на Google.

Цени на хотелите

Цените на хотелите доаѓаат од партнерите на Google. Тие користат услуга наречена „интерфејс за програмирање на апликации за хотелски цени“ (API). Дознајте повеќе за начинот на кој партнерите ги испраќаат цените до Google.

Понекогаш, нашите партнери нудат специјални пониски цени што не се достапни за сите. На пример, одредена цена може да биде достапна само за корисниците што се најавиле на својата сметка на Google или користат мобилен уред. За да дознаете дали наведените цени им се нудат на сите, изберете „Информации“ Информации.

Забелешка: цените може да се променат. (Оградување)

Променете ја валутата за прикажаните цени на хотелите: валутата во која се прикажани цените на хотелите зависи од вашите поставки за пребарување на Google. За да ги погледнете цените во други валути, ќе треба да ги промените вашите поставки за регион.

Зделки за хотели

За да ви помогнеме при пребарувањето хотели, ги истакнуваме одличните зделки така што додаваме значка „Зделка“ до името на хотелот. Има 2 вида зделки:

  • Хотели со цени пониски од вообичаените или пониски од слични хотели во близина. Може да ја видите разликата во цената споредено со вообичаените цени.
  • Хотели во кои партнер нуди попуст во споредба со моменталната пазарна цена за тој хотел. Прикажан е износот што се заштедува.
Класи на хотели

За да ви овозможи подобро да ги споредувате опциите за сместување, Google спроведува оценување по класи за хотелите. Секој хотел добива од 1 до 5 ѕвезди. Може да го користите ваквото оценување за да го насочите пребарувањето.

Google ги прибира податоците за ваквото оценување од разни извори, вклучувајќи независни партнери, директно истражување, повратни информации од хотелиерите и заклучоци изведени од машинско учење за кои се истражуваат и проценуваат атрибутите на хотелите, како што се цената, локацијата, големината на собите и погодностите. Хотелите со 2 ѕвезди најчесто имаат скромни соби и пониски цени, а хотелите со 4 ѕвезди може да имаат ексклузивен декор, посебен консиерж, 24-часовна собна послуга и луксузни погодности како што се бањарки и мини-барови. Оценувањето по класи треба да биде уедначено за резултатите за кое било пребарување хотели.

Хотелите за кои не е прикажана оцена за класата сѐ уште не се оценети од Google. За да добиете повратни информации за класите на хотели, контактирајте со нас.

Хотелски услуги

За да ви помогне при пребарувањето хотели, Google ги шрикажува услугите и погодностите што се нудат во секој хотел, како што се Wi-Fi или базен за пливање. Овие информации може да ви помогнат да ги споредите опциите за сместување и да го насочите пребарувањето.

Google прибира информации за хотелските погодности од разни извори, вклучително од хотелиерите и нивните веб-сајтови, од независните партнери, од директните пребарувања и од повратните информации од корисниците.

Ако забележите неточна погодност, известете нѐ.

Реклами за хотели

Под датумите што сте ги внеле за вашето патување, ќе видите реклами од нашите хотелиерски партнери поврзани со вашето пребарување. Овие реклами се засноваат на вашите моментални поими за пребарување и може да се засноваат на тоа дали сте најавени на сметка на Google.

Цените се јавните суми што се достапни од нашите партнери за избраните датуми. Можеби ги исполнувате условите за да гледате пониски цени што не се јавни. Дознајте повеќе за рекламите.

Хотелски престои

За да ви помогнеме при пребарувањето хотели, ги истакнуваме хотелите во кои претходно сте престојувале или сте ги резервирале за претстоен престој. Под името на хотелот во вашите резултати од пребарувањето, ќе биде напишано „Неодамна сте престојувале овде.“

Ги избираме овие хотели според е-пораките за резервации на хотели во вашата сметка на Gmail.

Забелешка: за да ја гледате оваа значка, треба да бидете најавени на вашата сметка на Google.

Ако не сакате да гледате вакви препораки, може да ги исклучите приватните резултати од пребарувањата. Променете ги вашите поставки за пребарување.

Откажувања и рефундирања

За сите промени, откажувања или рефундирања на патувањата, контактирајте со партнерот за резервации (хотелот или туристичката агенција).

Можете да ги најдете податоците за контакт на партнерот за резервации на страницата за потврда или во е-пораката за потврда што сте ја примиле од партнерот. Ако директно резервирате хотел на Google, може да ги најдете податоците за контакт на партнерот во е-пораката за потврда што сте ја примиле од Google.

Податоци што Google ги складира за моите пребарувања

За да ги видите и да ги отстраните вашите пребарувања, одете во „Моја активност“.

Дознајте како да ја прегледувате и да ја контролирате активноста на вашата сметка.