Проценети емисии според режимот на транспорт

Сега може да ги наоѓате проценетите емисии и споредби помеѓу разните режими на транспорт.

Како ги проценуваме емисиите на јаглерод

За да ги пресмета емисиите на возовите, Google користи метод што ги зема предвид изминатите километри и бројот на патници во вашето пребарување. Според Меѓународната агенција за енергетика (IEA), просечните емисии на возовите во текот на нивниот работен век изнесуваат 19 грама CO2e по патник по километар. Точните емисии зависат од моделот на возот и од железничкиот оператор. Податоците на IEA се ажурираат секоја година, а Google се труди да ги добие точните информации од железничките оператори.

Емисии од возовите во споредба со летањето и возењето

Google ги етикетира возовите како „погодни за климата“ бидејќи, во споредба со летањето на исто растојание, при патување со воз се испуштаат приближно 85 % помалку јаглерод по патник. Во споредба со возење на истото растојание, при патување со воз се испуштаат приближно 87 % помалку јаглерод по патник. Точните намалувања во емисиите зависат од возот. Емисиите на возовите на долги релации се уште помали.

Режим на транспорт Фактор на емисии Извор
Воз 19 грама CO2e по патник по километар
во текот на работниот век
Според IEA
Авион 123 грама CO2e по патник по километар
во текот на работниот век
Според IEA
Автомобил (мал / среден) 148 грама CO2e по патник по километар
во текот на работниот век
Според IEA

Што се тоа емисии на CO2e во текот на работниот век?

CO2e значи „еквивалентни емисии на јаглерод диоксид“ и претставува индустриска мерка со која се изразуваат повеќе стакленички гасови, според нивниот потенцијал за глобално затоплување. Тоа е честа единица што се користи за стандардизирање на споредбите на различни емисии на стакленички гасови. CO2e се пресметува со конвертирање на мерењата на другите гасови во еквивалентни количини на јаглерод диоксид со истиот потенцијал за глобално затоплување.

Емисиите во текот на работниот век се збирните количини на емисии што произлегуваат од сите фази на производството и согорувањето на горивото. Ова ги вклучува директните емисии од согорувањето гориво, како и емисиите што се испуштаат при секоја фаза на производството на горивото.

Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
8773907662297562797
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
true
true
254
false
false