Како се проценуваат емисиите

„Летови на Google“ прикажува процени на емисиите на стакленички гасови во текот на животниот циклус за бројот на избрани патници до секој лет. Летовите се етикетирани со „повисоки“, „вообичаени“, „пониски“ или „непознати“ емисии.

Каде Google ги добива овие информации?

Google ги пресметува процените на емисиите со најновата верзија на Моделот за влијанието на патувањата (TIM), модел со којшто управува Google под контрола на Советодавен одбор на водечки експерти за одржливост и воздухопловство. TIM е транспарентен и модел со постојано подобрување на проценувањето на емисиите, којшто е создаден од јавни и надворешни збирки податоци што може да се лиценцираат, а се заснова на најновите научни и меѓународно признаени стандарди. 

За повеќе информации, погледнете во:

Емисии во текот на животниот циклус

„Моделот за влијанието на патувањата“ го зема предвид целосниот животен циклус на емисиите од авионско гориво со проценување на сеопфатните емисии. Сеопфатните емисии се збирот емисии што се создаваат со создавањето и превезувањето на авионското гориво, како и емисиите на јаглерод (CO2) од согорувањето гориво при полетувањето, летањето и слетувањето.

Освен CO2, TIM ги конвертира и емисиите што не се од CO2 во нивниот „еквивалент на CO2“ (CO2e) според нивниот потенцијал за глобално затоплување.

Вообичаени емисии

Вообичаените емисии се средните вредности за емисии за вашата пребарувана маршрута. Средната вредност се пресметува како просек од сите можни емисии за конкретната маршрута и ги зема предвид сите летови во текот на наредната година.

Процените на емисиите за секој лет се споредуваат со средната вредност за маршрутата. Вака Google ги идентификува летовите со повисоки, вообичаени или пониски емисии.

При некои пребарувања, можно е да не најдете летови со „пониски емисии“. Ова се случува ако летовите за пребаруваните датуми не загадуваат помалку од средната вредност за маршрутата. За да најдете летови со пониски емисии, обидете се со други датуми.

Непознати емисии

За одредени летови, нема достапни податоци за емисиите, а не е можно ни да се изврши прецизна процена. Ова може да се случи со многу специфичните типови авиони. Во такви случаи, нема да прикажеме процени на емисиите, а летот ќе се етикетира како „непознати емисии“.

Фактори што влијаат на емисиите

Вистинските емисии може да се разликуваат и да зависат од фактори како:

  • модел и конфигурација на авионот
  • брзина и висина на авионот
  • растојание меѓу местото на полетување и дестинацијата
  • број на патници

За да ги разберете процените на емисиите што ги прикажуваме, важно е да ги знаете следниве работи:

  • Директните летови понекогаш не загадуваат помалку, особено кога се работи за долги маршрути. Можно е лет со повеќе застанувања со авион со ефикасна потрошувачка на гориво да има помалку емисии од директниот лет.
  • Авионите со сличен капацитет и досег може да имаат многу различни емисии. Факторите што придонесуваат за тоа го опфаќаат типот на авионот или распоредот на седење што го користи авиокомпанијата.
  • За летовите до, од и во САД, моделот ги проценува факторите за исполнетост на седиштата со статистички податоци од Министерството за транспорт на САД. За летовите надвор од САД, кога се достапни, ги користиме податоците за факторите за исполнетост на седиштата од ch-aviation. За сите други летови, процените на емисиите го земаат предвид просечниот фактор за исполнетост на седиштата од 2019 година (пред пандемијата на коронавирусот (COVID-19)). Повеќе детали за изворите на податоците што ги користиме и начинот на кој се пресметуваат факторите за исполнетост на седиштата може да најдете во нашата документација на GitHub.
  • Нашите процени на емисиите сѐ уште не ги земаат предвид факторите како што се насоката на летање, користењето одржливо авионско гориво или тежината на товарот на авионот.

Други ефекти на летањето врз затоплувањето

Покрај ослободувањето CO2 во атмосферата, летањето може да предизвика други ефекти врз затоплувањето како кондензациски траги. 

Во региони со голема влажност, водената пареа во воздухот се кондензира околу честичките на саѓите од издувните гасови на авионот и замрзнува. Ова создава траги од кондензација налик на облаци или накратко, кондензациски траги. Иако повеќето кондензациски траги брзо исчезнуваат, кај мал дел од летовите при одредени атмосферски услови се создаваат кондензациски траги што се задржуваат и се шират, притоа заробувајќи топлина во атмосферата.

Кога се земаат предвид кондензациските траги, влијанието на летањето врз затоплувањето може да биде до 60 % поголемо од процените засновани само на согорувањето гориво [Lee, 2021. CO2e/GWP100]. Иако знаеме дека само приближно 10 % од летовите ги предизвикуваат повеќето постојани кондензациски траги, тешко е да се предвиди нивното формирање, како и да се припише влијанието на поединечни летови (што е исто како да се предвидуваат турбуленции неколку седмици или месеци однапред). Покрај тоа, не постои научен консензус за тоа како треба да се мери влијанието за поединечни летови. Од овие причини, во моментов не е опфатено во моделот што се користи за проценување емисии.

Google соработува со научници, академици и експерти од индустријата за да го предвиди влијанието на кондензациските траги за секој лет веродостојно. На крајот планираме да ги опфатиме таквите предвидувања во TIM.

Проценети емисии за возови

За да ги пресмета емисиите на возовите, Google користи метод што ги зема предвид изминатите километри и бројот на патници во вашето пребарување. Според пресметките на IEA, просечните емисии на возовите во текот на нивниот работен век изнесуваат 19 грама CO2e по патник по километар. Точните емисии зависат од моделот на возот и од железничкиот оператор. Податоците на IEA се ажурираат секоја година, а Google се труди да ги добие точните информации од железничките оператори.

Пребарување
Исчисти го пребарувањето
Затворете го пребарувањето
Главно мени
9817370005937444340
true
Пребарајте во Центарот за помош
true
true
true
true
true
254
false
false